Светски ден за подигање на свеста за растот кај децата
Денеска се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за растот кај децата. Лекарите препорачуваат редовни контроли и навремена дијагностика. Во моментов е обезбедена хормонската терапија за децата на која им е неопходна...

Петнаесетгодишниот Тео, едно од 174-те деца кои нема да чекаат повеќе терапија за нарушен раст, бидејќи по долги години чекање, конечно е обезбедена. Тој веќе две години ја прима терапија, а за тој период пораснал 10 сантиметри. Забавувањето на растот го забележала неговата мајка која и самата е лекар-ендокринолог.
Нарушувањето на растот може да се надмине ако не се занемарува и ако редовно се следи. Двапати годишно мерење на висината кај децата од страна на педијатрите препорачуваат од Здружението „Раст“.
Најголем проблем при нарушен раст кај децата е тоа родителите и педијатрите го забележуваат со задоцнување, па се пролонгира лекувањето. Досега проблем беше и чекањето за терапија кој повеќе ќе го, нема уверуваат здравствените власти. Хормонската терапија вкупно чини 74 милиони денари за сите деца кои во моментов ја примаат.
Во земјава има само тројца педијатри, ендокринолози, на Клиниката за детски болести.
Сè уште треба да се развива свесноста за правилен раст, е пораката на Светскиот ден на нарушен раст.
Александра Велинова
