Последен исчекор на „квалификантите“ во ЛШ

26.08.2014 11:51

Дваесет екипи се пред вратата на групната фаза од Лигата на шампионите. Десет од нив ќе го направат завршниот исчекор и ќе станат дел од европската клупска елита.Вечер Европа ќе ги поздрави првите пет успешни „квалификанти“. Со какви шанси се влегува во завршните битки? Објективно, многу изгледни за сите петмина вечерашни домаќини! Ако не примат гол на свој терен, сите ќе станат дел Лигата на шампионите! Вистинска реткост!

Први на сцена, во 18 часот ќе истрчаат Зенит и Стандард. Русите со предност од 1:0 од Лиеж ќе го започнат реваншот во Санкт Петербург. Порто од истата позиција како Зенит, со минимална гостинска победа од 1:0  го пречекува незгодниот француски Лил.На преостанатите три натпревари во возвратните дуели се влегува со резултат 1:1.Селтик, во Глазгов го пречекува  Марибор. Словенците одново во македонскиот репрезентативец Агим Ибраими ќе го имаат својот адут за повторување на успехот од 1999 година кога направија историски исчекор во Лигата на шампионите. Апоел на Кипар против данскиот Алборг ќе се обиде да го заврши досегашниот свој резултатски подвиг.Бате Борисов е на добар пат против Слован од Братислава да искове ново учењство во Лигата на шампионите.

Лига на шампони:плеј-оф

Зенит-Стандард (1:0)   18.00 часот

Порто-Лил (1:0)            20.45

Селтик-Марибор (1:1)  20.45

Апоел-Алборг  (1:1)     20.45

Бате Борисов-Слован  (1:1) 20.45