Десетици загинати од изутрината во Газа, околу 450 илјади луѓе ја напуштија областа.
Десетици загинати од изутрината во Газа, бројот на жртви расте додека израелските воздушни сили жестоко го бомбардираат градот. Околу 450 илјади луѓе ја напуштија областа.

Десетици загинати од изутрината во Газа, бројот на жртви расте додека израелските воздушни сили жестоко го бомбардираат градот. Околу 450 илјади луѓе ја напуштија областа.
Египет го предупреди Израел дека ќе биде принуден да го прекрши договорот зголемувајќи ја воената присутност по границата, ако се појави масовен број бегалци.
Додека Нетанјаху е соочен со зголемен меѓународен и домашен притисок, американскиот претседател Трамп верува дека офанзивата го зголемува ризикот за заложниците, но и нивното ослободување. Неговиот француски колега Макрон пак, се надева дека признавањето на Палестинската држава на ќе биде значаен придонес кон мирот на Блискиот исток.
Генералниот секретар на ОН, Гутереш, изјави дека газа го доживува најлошото ниво на смрт и уништување, ја повика меѓународната заедница да реагира.
„Не треба да се чувствуваме заплашени од ризикот од одмазда, бидејќи со или без тоа што го правиме, овие акции би продолжиле и барем постои можност да се мобилизира меѓународната заедница да изврши притисок тие да не се случат“, изјави генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.
