Неколку европски аеродроми погодени од сајбернапад
Неколку европски аеродроми, вклучувајќи го и аеродромот во Брисел, погодени од сајбернапад што ги наруши системите за пријавување и качување. Надлежните велат – давателот на услугите работи на отстранување на последиците...

Неколку европски аеродроми, вклучувајќи го и аеродромот во Брисел, погодени од сајбернапад што ги наруши системите за пријавување и качување. Надлежните велат – давателот на услугите работи на отстранување на последиците. Се очекуваат доцнења и откажувања на летови, а пријавувањето се врши рачно. Патниците се советуваат да ја проверуваат состојбата на летот пред патувањето. Аеродромските власти се извинија, но сообраќајот продолжува под променети услови.
„Поради технички проблем со надворешна компанија, која се грижи за пријавувањето и влегувањето во авион, не сме во можност да ги извршуваме пријавувањата како и обично. Проблемот се појави синоќа по сајбернапад и сега правиме сè што можеме за да го минимизираме влијанието. Мора рачно да внесуваме податоци. А ова им одзема подолго време на патниците, со доцнења и откажани летови како резултат на тоа“, изјави Ихсане Чиуа Лехли, портпарол на аеродромот во Брисел.
