ТУРЦИЈА

Голем пожар во Анталија, евакуирни туристи од два хотела

20.09.2025 14:02

Турските власти го евакуираа населението и туристите од два хотела во Анталија поради големиот шумски пожар кој повторно се разгоре синоќа и продолжи брзо да се шири поради силните ветрови.

Турските власти го евакуираа населението и туристите од два хотела во Анталија поради големиот шумски пожар кој повторно се разгоре синоќа и продолжи брзо да се шири поради силните ветрови.

Шест лица се хоспитализирани поради вдишување чад. Во гаснењето на огнената стихија учествуваат авиони, хеликоптери и над 150 противпожарни возила.

На северот од земјата во округот Ризе, пак, обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето блокирајќи голем број главни патишта.