Македонија

Голем пожар над Батинци, огнот брзо се шири

20.09.2025 15:34

Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов...

Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

На терен, како што додава, интервенира скопската Борага за противпожарна заштита.

На местото на пожарот се наоѓа и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.

Првичните информации говорат, според Ангелов, дека се работи за намерно подметнат пожар.