Ди Марија вреди, Манчестер Јунајтед ќе собори рекорд!
Манчестер Јунајтед се согласи на рекордно обештетување, па Анхел Ди Марија е нов играч на дваесеткратниот англиски шампион. Клубот од Олд Трафорд на Реал Мадрид ќе му плати 59,7 милиони фунти со што Ди Марија ќе биде најскапиот фудбалер кој направил трансфер во екипа од Премиер лигата. Претходно, Челзи му префрли, тогаш рекордни 50 милиони фунти на Ливерпул за Шпанецот Фернандо Торес кој во 2011-та година се пресели на Стемфорд Бриџ.

Ди Марија ќе заработува неделно по 200 илјади фунти, со што е втор по вредност по Руни кој има седмична плата од 300.000 фунти. Манчестер Јунајтед овој преоден рок, до чијшто крај има уште шест дена, засега потроши 132 милиона фунти, но му беа потребни 12 години за да го надмине 29-те милиони фунти што му ги плати на Лидс за Рио Фердинанд.
Манчестер, летово ги донесе англискиот репрезентативец Лук Шоу од Саутемптон за 30 милиони фунти, Шпанецот Андер Ерера од Атлетик Билбао за 24 милиони и дефанзивецот на Спортинг, Маркос Рохо кој со Аргентина играше во мундијалското финале, за 16 милиони фунти.
Новиот менаџер, Холанѓанецот Луи ван Фал изјави дека е презадоволен од трансферот на Ди Марија, но дека Манчестер Јунајтед е голем клуб и дека до недела ќе се обиде да го донесе и Чилеанецот Артуро Видал. Англиските медиуми информираат дека Јувентус веќе добил понуда од 34 милиони фунти.