Дождот малку ја спаси реколтата тутун од сушата
Последните дождови, иако задоцнети, но малку ќе ја спасат реколтата тутун од сушата. Сите надежи на тутунарите се во високиот квалитет, што треба да донесе повисока откупна цена, како и забраната за увоз додека трае откупот.

Прилепскиот тутунар, Илија Јаковлески, се надева дека дождот што заврна ќе ја поправи состојбата со реколтата во оваа сушна година. Ќе ги зголеми количествата на жолтото злато.
Дождот овозможи да има уште тринеделна берба и тоа најквалитетен тутун.
За преку 30 проценти сушата годинава го намали очекуваниот род од 27.000 тони. Дождот малку ја ублажи штетата, а сета надеж е во високиот квалитет.
Производителите забрзано берат за да не ги стигне сланата. Очекувањата за повисоки откупни цени се големи, заедно со новите законски измени. Забранет е увоз на тутун додека не се купи домашниот род, од 15-ти ноември до 28-ми февруари.
Елизабета Митреска
