Македонија

Законски измени за фемицид

21.09.2025 14:43

Последниот случај кога поранешен партнер ја усмрти младата велешанка и нејзиниот татко и натаму ја бранува. Системот е бавен и тоа итно треба да се менува, велат невладините. Бараат итна измена на законите што ќе обезбеди брза и ефективна правда за жртвите, но и ригорозна каза за насилниците…

Многу жени и девојки како Росица од Велес, а малку казнети извршители на фемициди. Се повеќе охрабрени насилници да нападнат или да убијат некоја следна. Ама и се повеќе обесхрабрени жртви.

Системот е бавен и тоа итно треба да се менува велат за МТВ од невладината „ЕХО“. Од полициската станица до судот сите службеници мора да се обучени за сензитивност спрема родово базираното семејно насилство. Кога жртвата пријавува тоа мора да значи аларм за системот, а не да биде пречекана со предрасуди и отфрлање поради влијанието на патријархатот во општеството, вели адвокатската Андонова.

Час поскоро се бара измени на законите за кривична и парнична постапка за да се обезбеди брза и ефективна правда спрема жртвите и казна за насилниците. Сега самиот суд е врзан за обезбедување законски претпоставки за присуство на сторителот при изрекување на привремените мерки и на водењето постапки за кривични дела.

На 3-ти мај годинава, 36 годишна Рамајана Асан беше убиена од партнерот пред своето петгодишно дете. Пријавувала за семејно насилство, но не добила соодветна заштита од институциите. На 10-ти мај жена е убиена од човекот со кој живеела. Во Кочани од маж свирепо е убиена со нож жена. Росица е убиена од Илија. Која е следна? Системот е на потег.

Фиљана Кока