Градови домаќини на EURO 2014....прв дел-Хернинг
Хернинг e град кој првенствено бил изграден како индустриски центар, но сега веќе се вбројува како најракометен и воопшто најспортски дански град, чија популација брои 50,000 жители.
Тоа е град каде ќе игра нашата репрезентација, а и вардарки во шампионскиот втор круг против Митјеланд градскиот клуб.
Спортското портфолио на градот Хернинг го потврдува и фудбалскиот тим Митјеланд кој годинава есенскиот дел го завршил на првото место во данскиот шампионат.

„Jyske Bank Boxen“ е салата во која ќе се играат натпреварите од А групата, каде рековме е македонскара репрезентација заедно со Данска, Чешка и Австрија, за потоа се продолжи и со натреварите од новоформираната по прелиминарниот дел група еден, како и 1/2 финалните натпревари и расплетот за медали.
Оваа сала е гордоста на Данска и може да се каже дека Харнинг и „Jyske Bank Boxen“ арената се вистински центар за сите големи спортски настани, па и концерти. Во самиот комлекс постои и затворен базен. Капацитетот е за 15,000 посетители, бројка која варира во зависност од случувањата во неа.
Европскиот машки шампионат е второ големо континентално натпреварување по домаќинлукот на Данска 2010-тата кога беа собрани најдобрите 16 женски селекции.
Точно на денешен ден истата 2010-та се има најмногу наполнето салата 11,411 за финалната пресметка Данска-Норвешка во која за жал на домашните фанови, победата ја однесоа соседските ривалки.
Се надеваат дека ќе биде полна салата до последно за натпреварите во јануари месец на нивниот дански тим кој на овој шампионат го брани европскиот трон.