Битола

Под мотото „Сон на платно“ отворено 46. издание на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

21.09.2025 15:40

Со филмот „Мајки“ на Теона Стругар – Митевска вчера беше свечено отворен 46-от филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола. Турскиот режисер Семи Капланоглу е годинашниот добитник на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Годинава ќе бидат прикажани над 70 извонредни филмови од повеќе програми…

Со македонскиот филм „мајка“ на Теона стругар Митевска свечено беше отворено 46. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „браќа Манаки“. На свеченоста традиционално беа доделени награди и признанија. Годинешниот лауреат на специјалната „Затна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, е турскиот режисер Семи Капланоглу.

Добивањето на оваа награда, тука во Битола, градот на браќата Манаки-пионерите на филмот во овие краишта – не само што е огромна чест за мене, туку и вистински потсетник за бесконечното патување на филмската уметност. За мене филмот отсекогаш бил јазикот на светлината и сенките, на тишината и гласот, на сеќавањето и соништата, семи Капланоглу-добитник на специјална златна камера 300.

Годинешното мото „Сон на платно“, совршено ја одразува суштината на доблестите што ги славиме. Овој фестивал не е само прослава на мајсторството на кинематограферите, туку поттик за оние што допрва ќе го освојат филмскиот врв преку објективот. – рече претседателката Силјановска Давкова во своето видеообраќање.

Покрај востановените награди, друштвото на филмски работници на Македонија додели златен медал на филмскиот критичар Благоја Куновски Доре, за особен долгогодишен придонес кон фестивалот, награда која се доделува во исклучително ретки случаи

Во следните шест денови, во центарот на култура, кино „Манаки“ и киното на отворено кај офицерскиот дом, ќе бидат прикажани, седумдесетина врвни филмски остварувања. На 26 септември со македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ ќе биде спуштена завесата на овогодишното издание на фестивалот браќа Манаки.

Александра Максимовска