Трговците и прекупците ги „билдаат“ цените на зеленчукот
Трговците ги диктираат цените на зеленчукот, а не пазарната понуда и побарувачката, велат земјоделците од струмичко. Ттврдат, продаваат по цена која потоа на рафтовите во маркетите е двојно поскапа, а трговците и откупувачите имаат најголем ќар...

Трговците ги диктираат цените на зеленчукот а не пазарната понуда и побарувачката. Така реагираат земјоделците од струмичко кои велат дека производството го даваат по една а по пазарите цените се двојно повисоки при што трговците и откупувачите имаат најголем ќар
Речиси двојно повисоки се цените на овошјето и зеленчукот од земјоделците на нива до зелените пазари во земјава. Земјоделците од струмичко ги продаваат по една а потрошувачите во Македонија ги купуваат по други цени. Помеѓу нив најмногу ќаруваат трговците и прекупците. Вака велат градинарите од струмичкиот регион кои посочуваат дека трговците ги диктираат цените.
Колку одредени количини зеленчук или овошје имаат посредници од нивата до пазарот, толку е повисока цената, сметаат трговците кои велат дека тие одат со маржа од 20 до 30 отсто. Други пак тврдат дека цените се резултат на пазарната понуда и побарувачка а со оглед дека станува збор за леснорасиплива стока, честопати и трговците биле во загуба
Во струмичко ретко може да се види земјоделец кој го продава своето производство на пазарите. Производството најчесто оди кај откупните пунктови за извоз или за преработувачките капацитети.
Ване Трајков
