МВР
Лишени од слобода двајца турски државјани поради предизвикување пожар во Горно Нерези
21.09.2025 19:24
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава...

Вчера во 18:00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Џ.К.(50) и А.А.(43), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје, информираат од МВР.
Тие се сомничат дека на плац во Горно Нерези, скопско, предизвикале пожар. Имено, додека работеле со апарат за заварување, од искрите настанал пожар на сува трева, кој се проширил и надвор од плацот. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
