Локални избори

Неделава ждрепка за редослед на гласачко ливче

21.09.2025 16:05

Општинските изборни комисии по потврдувањето, до државната изборна комисија ги достави листите на кандидати за градоначалници и советници за локалните избори заради утврдување на редоследот на гласачкото ливче. Ждрепката е на 25-ти септември.

До завршување на рокот, до Општинските изборни комисии беа поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи на кандидати за советници на општините и Градот Скопје. Во оваа бројка се вклучени листите на кандидати од политички партии и листите поднесени од група избирачи.

Доколку државната изборна комисија ги потврди, во трката за градоначалник на Скопје ќе влезат осумнаесет кандидати. Кампањата стартува на 29-ти септември, а првиот круг ќе се одржи на 19-ти октомври.