Светски ден на Алцхајмерова болест

Загадениот воздух го забрзува стареењето на мозокот

21.09.2025 17:10

Утре треба да бидат објавени податоците за нивото на концентрации на честички и тешки метали по пожарот во складиштето во Трубарево, по спроведените мерења и анализи од страна на научниците на штипскиот универзитет. Министерството најавува дека ќе ја испитува и почвата. А, докторската фела предупредува, загадувањето го забрзуваа стареењето на мозоците, неколкукратно е зголемен бројот на млади со Алцхајмерова болест во земјава. Над 24 семејства се засегнати со вакви случаи …

Загадениот воздух придонесува за побрзо стареење на мозокот, докажува науката. ПМ 2,5 честичките неколкукратно го зголемуваат ризикот за развој на деменција. Ако ништо не се презем,е за 25 години од сега во земјите во кои недостига зеленило, чист воздух, 70% од населението ќе биде со деменција.

На Светскиот ден на Алцхајмеровата болест, стручњаците повикаа дека превенција е потребна веднаш и сега. На пациентите им е потребна 24 часовна грижа, 24.000 семејства во земјава се засегнати со оваа болест.

За страдањата и болката, за немоќта, гласно проговори актерката Тања Кочовска, го сподели искуството што го имала со својата мајка, на која и требала постојана нега и внимание.

Старосната граница се намалува, се повеќе млади и работоспособни луѓе ги имаат првите знаци на деменција. Надворешните фактори ја поттикнуваат болеста, генетиката е вклучена со мал процент. Не секое заборавање е деменција, но ако се забораваат секојдневните активности, треба да се направат тестови и навреме да се почне со терапија.

Наташа Јанчиќ – Менковски