Украинска криза - Очите свртени кон Минск

26.08.2014 13:55

Владимир Путин, Александар Лукашенко и Нурсултан Назарбаев, односно претседателите на Русија, Белорусија и Казахстан, денеска ќе се сретнат во Минск со нивниот украински колега Порошенко. На состанокот ќе присуствуваат високи официјални лица од Европската комијсија, вклучувајќи ја и шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.

Путин се очекува да оствари бројни билатерални средби, а не е исклучено да разговара и со украинскиот претседател за проблемите во билатералните односи. Доколку Путин и Порошенко се сретнат во белоруската престолнина, тоа ќе биде нивна прва директна средба, не земајќи го предвид кусата средба во Франција во јуни, на којашто присуствуваа и германската канцеларка Меркел и претседателот Оланд.

Според Ештон, денешниот состанок претставува добра можност за решавање на украинската криза, што не смее да се испушти. Од Европската комисија соопштуваат дека меѓу можните теми на разговор е и прашањето за тоа дали Украина ќе продолжи да го купува рускиот гас. Украинскиот претседател Порошенко непосредно пред доаѓањето во Минск, рече дека планира да да се согласи околу мирно решение за Украина, а неговата прес служба потврди дека тој доаѓа со уште тројца моќни претставници на ЕУ за да разговараат за мирот.