Македонија

Виралниот „Чат-ЏПТ“ консултиран за секоја пригода

21.09.2025 17:28

Што да облечам, каква стратегија да презема. Каков ден ме очекува, виралниот Чат-ЏПТ го руши сопствениот став. Разумно и ограничено да се консултира вештачката интелигенција, препорачуваат познавачите, посочуваат покрај придобивки има и многу ризици...

Што да облечам денеска? Каков ден ќе имам на училиште или работа? Каква диета ми препорачуваш? Овие се само дел од прашањата упатени кон виралниот ЧАТ-ЏПТ. Наместо сопствен став или совет од стручно лице, од него се бараат консултации за користење лекови, препораки за диети, средства за одржување хигиена добива секојдневно алатката на вештачката интелигенција „Чат-ЏПТ“ од корисници од земјава.

Вештачката интелигенција е личен асистент кој треба да се користи разумно вели професорот од ФИНКИ Иван Чорбев. Се очекува вештачката интелигенција да напредува во лингвистички операции, во рана дијагностика и совети за докторите, да обезбеди адаптирани образовни алатки за секој ученик или студент. Но, има и ризици.

Преку образованието и обуки на учениците и наставниците се развива свеста за разумно и ограничено користење на вештачката интелигенција.

Некритичкото користење без познавање на областа, коригирање и дополнување, може да не претвори во копирачи на она што ни се сервира.

Александра Велинова