Сиљановска-Давкова ќе учествува на 80. Генерално собрание на ОН
Претседателката Сиљановска-Давкова и шефот на дипломатијата Муцунски во Њујорк учествуваат на 80-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Претседателката пред асамблејата ќе се обрати во четврток попладне по македонско време.

Сиљановска-Давкова ќе има средба и со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш. Предвидени се и други билатерални средби со светски лидери. Темата на годинашната сесија е подобро заедно 80 години, повеќе за мир, развој и човекови права. За време на работната посета на САД, претседателката во Детроит ќе има средба со македонската дијаспора.