локални избори

ДИК денеска треба да ги утврди кандидатските листи

22.09.2025 08:17

Жрепката за редоследот е најдоцна на 25-ти септември. До општинските изборни комисии беа поднесени 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 советнички листи...

Државната изборна комисија попладне треба да ги потврди кандидатурите за градоначалници и советничките листи. Жрепката за редоследот е најдоцна на 25-ти септември. До општинските изборни комисии беа поднесени 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 советнички листи. Во трката за градоначалник на Скопје ќе влезат осумнаесет кандидати.

Кампањата стартува на 29-ти септември, а првиот круг ќе се одржи на 19-ти октомври.