Состанок на СБ на ООН по барање на Естонија по руското нарушување на нејзиниот воздушен простор
НАТО ја предупреди Русија дека ќе одговори со сила на нови провокации, повторно испраќајќи авиони над Балтичкото Море како одговор на руски извидувачки авион...

Вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН на барање на Естонија по руското нарушување на нејзиниот воздушен простор во петокот. НАТО ја предупреди Русија дека ќе одговори со сила на нови провокации, повторно испраќајќи авиони над Балтичкото Море како одговор на руски извидувачки авион. Трамп изјави дека САД е подготвен да ги брани Полска и балтичките земји ако Москва продолжи да ја ескалира ситуацијата.
„Ќе го сторам тоа“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Зеленски ја потврди средбата со американскиот колега на Генералното собрание во Њујорк. Го поздрави 19-от пакет санкции против Русија, надевајќи се дека и САД ќе преземат таков чекор.
„Европската унија веќе генерално се согласи за 19-тиот пакет санкции против Русија и сметаме на негово брзо одобрување. Сигурен сум дека и САД ќе преземат потег. Путин мора да верува дека тие не се рамнодушни и дека ќе бидат преземени силни чекори“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Москва потврди дека во украинскиот удар со дронови врз одморалиште на Крим загинале три лица, а 16 се повредени. Киев пак јавува за уништени руски хеликоптери и редок радарски систем.
