УСА опен

Ноле експресно во втората рунда

26.08.2014 13:57

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ лесно ја мина првата пречка на последниот Грен слем турнир годинава, популарниот „УСА опен“ кој се игра во Њујорк. Во раните утрински часови по македонско време на теренот “Артур Еш“ Србинот имаше посериозен тренинг против Аргентинецот Диего Шварцман, кого го елиминира во три сета со 6 : 1, 6 : 2 и 6 : 4. Противник на првиот фаворит во второто коло ќе му биде Французинот Пол Анри Матје, кој во исцрпувачки меч по 5 одиграни сета го совлада Жил Милер од Луксембург.

Со победа без загубен сет славеше и Французинот Мишел Лодра, против Шпанецот Даниел Травер и во следното коло со Германецот Филип Колшрајбер, кој исто така со резултат  3 : 0 беше подобар од Аргентинецот Факундо Бањис. Од Топ 10 фаворитите натаму оди 9 – от Жо Вилфред Цонга, по победата во 4 сета над Хуан Монако, а уште на стартот киксна 8 – от носител Енди Мареј, кој е елиминиран од Робин Хасе. Во второто коло одат и Фернандо Вердаско, Александар Надовезов, Џејмс Меги, Пабло Буста, Бредли Клан, Матиас Бахингер и Беноа Паире.