Бразил
Масовни протести против амнестијата за Болсонаро
22.09.2025 12:30
Демонстрантите најавија уште помасовни протести...

„Нема амнестија!“ – десетици илјади Бразилци протестираа на улиците во Сао Паоло против пратениците кои бараат амнестија за поранешниот претседател Болсонаро, осуден на 27 години затвор за заговор за државен удар. Демонстрантите најавија уште помасовни протести.
„Чувствувам дека ова е само почеток на огорченоста која расте кај луѓето кои долго време беа принудени да голтаат низа неправди“, изјави демонстрант.
Конгресот, со конзервативно мнозинство, забрзано усвои закон што може да му овозможи да се заштити од кривичните обвиненија.
