Македонија

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во југоисточните делови од државава

22.09.2025 09:45

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови од Републиката, со интензитет од III степени...

Земјотрес со епицентар во Грција, 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 5 степени, регистрирала Сеизмолошката опсерваторија во 3 часот и 20 минути по полноќ.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови од Републиката, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти утрово Опсерваторијата.