Градската општа болница „8-ми Септември“ е прогласена за болница на годината
Според годишниот извештај за 2013 година - Градската општа болница „8 Септември“ е прогласена за болница на годината- во неа се изведени најсложените операции.
Во текот на минатата година бројот на граѓани кои добиле здравствени услуги во општите болници е зголемен за 13.300 граѓани. Повеќе од половина од пацинетите се лекувале во Скопје. намалена е должината на престој на пациентите, во 2013 година просечниот престој изнесува 5,5 дена.

„Во Република Македонија просекот на сложеност на пациенти изнесува 1,09. Тоа значи дека од минатата година има благо покачување, ова пред се се должи поради посовремената опрема и едукацијата спрема лекарите за извршување на посложени интервенции и затоа овој национален просек се зголемува, што е добро. Тука би сакале да ја пофалиме Градската општа болница „8 Септември“ каде што сложеноста на пациентите и интервенциите кои ги пружила во 2013 година изнесува 1,26, што е доста високо, над националниот просек“, рече Бранко Аџигогов, портпарол на ФЗОМ.