Здравство

Седумгодишно девојче почина во тетовската болница

22.09.2025 11:12

Детето било примено на Одделението за педијатрија во саботата вечер. Од болницата велат дека веднаш биле преземени сите неопходни медицински мерки и интензивна рехидратација согласно протоколите, со цел поставување точна дијагноза.

Во Клиничката болница во Тетово почина седумгодишно девојче од селото Челопек, информираа денес од установата.

Детето било примено на Одделението за педијатрија во саботата вечер. Од болницата велат дека веднаш биле преземени сите неопходни медицински мерки и интензивна рехидратација согласно протоколите, со цел поставување точна дијагноза.

За понатамошен третман била побарана помош од Одделението за оториноларингологија за аспирација на секрети од усната шуплина. За време на интервенцијата девојчето не покажало знаци на реакција, по што било префрлено на Одделението за анестезија, реанимација и интензивна нега. И покрај обидите за реанимација, детето починало.

Болницата побарала извршување на судско-медицинска обдукција за целосно утврдување на причините за смртта, но семејството на пациентката се изјаснило против тоа.

„Изразуваме искрено сочувство и длабока тага до семејството во овие исклучително тешки моменти. Подготвени сме за соработка со надлежните институции за дополнителни појаснувања поврзани со случајот“, стои во соопштението на Клиничка болница Тетово.