Аеродром
Расипан радар на скопскиот аеродром
22.09.2025 11:41
Радар на контролата на летање на скопскиот аеродром, наменет за следење нисколетечки летала при слетување, се расипал...

Радар на контролата на летање на скопскиот аеродром, наменет за следење нисколетечки летала при слетување, се расипал. Информацијата ја потврдија од М-НАВ, од каде што објаснуваат дека ова не влијание на безбедноста, туку на темпото со коешто се одвива слетувањето, односно на бројот на авиони што можат да се опслужат во еден час.
Се работи на отстранување на техничкиот дефект. Контролорите на летање пред неколку месеци предупредија дека опремата е застарена и е потребна нејзина итна замена.
