Безбедност

Тошковски: Светот се соочува со традиционални закани, но и со кибервојни- потребна е будност и проактивност

22.09.2025 12:05

Светот се соочува со традиционални, но и со кибервојни, со злоупотреба на технологија, екстремизам и дезинформации – истакна во својот говор, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на конференцијата на европскиот огранок на Академијата на ФБИ, што се одржа во Скопје …

Сведоци сме на појава на сајбер закани и сајбер војувања, злоупотреба на технологијата, екстремизам и претворање на дезинформациите во оружје што ја менува природата на безбедносната средина што ја работиме. Оваа реалност не бара од нас само будност и реактивност, туку подготвеност да ги преиспитаме старите модели и да создадеме подлабока и поквалитетна меѓународна соработка, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на конференцијата во Скопје.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев потенцира дека соработка со ФБИ е значајна во борбата со криминалот, преку размена на информации и искуства во службата.

Вилијам Габон, претседателот на Асоцијацијата на националната академија на ФБИ порача дека иднината зависи од оние што се посветени на правдата, соработката и пријателството.

Конференцијата се одржува од 20-ти до 24-ти септември во Скопје.

Игор Панов