Македонија

Европска недела на спортот 2025

22.09.2025 12:42

Македонија, како дел од европската иницијатива за промоција на спортот и физичката активност – European Week of Sport (EWoS), и оваа година активно ќе учествува во имплементација на проектот преку активности што ќе се организираат од 23 до 30 септември 2025 година.

Македонија, како дел од европската иницијатива за промоција на спортот и физичката активност – European Week of Sport (EWoS), и оваа година активно ќе учествува во имплементација на проектот преку активности што ќе се организираат од 23 до 30 септември 2025 година.

Со низа настани, спортски и рекреативни активности, земјата ќе се приклучи во одбележувањето на 10-годишнината од започнувањето на најголемата европска спортска кампања.

Европската недела на спортот и годинава опфаќа бројни активности прилагодени за сите возрасти со цел да се пренесе пораката за здрав и активен живот и да се истакне огромната придобивка што ја носи физичката активност и здравиот животен стил.

Отворањето на настанот е утре, 23 септември 2025 година, во 17.00 часот во ОУ „Кочо Рацин во Скопје“. Првиот дел од програмата ќе биде одбележан со атлетски трки за сите возрасти, велосипедски трки, тимски спортови и игри, забавна програма, фитнес и рекреативни работилници, активности за деца и семејства.

Вториот настан во рамките на Европската недела на спортот 2025 ќе се одржи на 26 септември на Средно Водно (17.30-21.00 часот) и ќе опфати отворени спортски станици со тренинг зона, натпревари во баскет 3×3 и фудбал 3×3 и рекреативно искачување до врвот на Водно.

Активностите ќе бидат заокружени на 27 септември со настанот BeActiv Night на Кеј Македонија во Охрид (17.30-22.00 часот) со натпревари во баскет 3×3, ракомет, пинг-понг и стрелаштво, фитнес и аеробик зона, доделување на награди и прогласување на победниците.

Оваа година е особено значајна во реализацијата на проектот бидејќи се одбележува една декада од оваа инцијатива на Европската комисија која инспирира илјадници луѓе да бидат активни и да ја почувствуваат енергијата на спортот и на заедништвото.

Европската недела на спортот (EWoS) е иницијатива на Европската комисија со цел да ја поттикне физичката активност, рекреацијата и здравиот начин на живот кај граѓаните од сите возрасти.