Средба во Владата

Поголема економска соработка со Дубаи

22.09.2025 16:51

Премиерот Мицкоски и бизнисмени на средба со првиот човек на Стопанската комора од Дубаи. Очекуваат продлабочување на соработката и нови инвестиции што ќе донесат раст на БДП, но и на градежништвото, туризмот, земјоделието...

Забрзување на активноста во градежниот сектор, развој на туризмот, зголемен извоз на земјоделските производи и делови за автомобилската индустрија се очекувањата по средбата меѓу премиерот Мицкоски и првиот човек на Стопанската комора на Дубаи, Мохамед Али Рашед Лутах. Привлекувањето на странски инвеститори и поддршка на домашните се главните приоритети на Владата за економска стабилност.

Трговската размена помеѓу Македонија и Дубаи од 2020-та до 2024-та изнесувала 495 милиони американски долари. Претседателот на Стопанската комора на очекува преку заеднички платформи за соработка во областа на дигиталната економија, одржливоста и трговијата, растот достигне 20% до 2030-та.

Неопходно е отворање нови пазари, истакна премиерот, со оглед на огромните предизвици со кои се соочуваат европските земји во кои бевме извозно насочени.

Во третиот квартал, Владата очекува раст од 4%, и инфлација од 4 или помалку од 4%.

Александра Велинова