Граѓаните во очекување на мерки за цените на прехранбените производи, ССМ бара поредовен дијалог со власта
По најавата од властите, граѓаните ги чекаат мерките што треба да се преземат за намалување на цените на прехранбените производи. На готовс и Синдикатот – оттаму предупредуваат дека иако вредноста на кошничката е намалена, тоа е само минимално и оти е потребно поодлучно да се интервенира...

Оптимизам за „спласнување“ на инфлацијата. По објавувањето на податоците според кои, вредноста на синдикалната минималната кошница за првпат по подолго време е намалена за над 400 денари, ССМ предупредува дека ова не значи дека е добиената битката со високите цени. Оттаму очекуваат Владата да ја исполни најавата за нови мерки за цените на храната, бидејќи џебот на граѓаните станува се поплиток поради големите трошоци.
Додека Владата подготвува мерки за високите цени на храната, премиерот очекува намалување на инфлацијата.
Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита од конкуренција се постојано на терен, а веќе се покренати и одредени постапки.
Граѓаните велат дека благото намалување на дел од цените, засега не можат многу да го почувствуваат.
Според пресметките на Синдикатот, на едно четиричлено семејство му се потребни 65.000 денари за да го истурка месецот. Најмногу поевтинеле храната и пијалоците од 670 денари, односно ставка на која домаќинствата трошат најмногу пари.
Борис Грујоски
