Ко Ун прогласен за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија

26.08.2014 14:22

Добитникот на Златниот венец на „Струшките вечери на поезијата“ корејскиот поет Ко Ун е прогласен за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија.

Пренесете ја вистината за Македонија преку безграничната љубов на вашата поезија,му порачаа македонските поети на Ко Ун.

„Со своето учество како лауреат на поетскиот фестивал во Струга, вие трајно го вградивте своето име во летописот на оваа значајна меѓународна поетска манифестација. Вашето творештво презентирано на Струшките вечери на поезијата,  сега добива продолжително дејство преку македонскиот јазик и литература“, се вели во поракатана македонските писатели која му беше врачена при свеченото прогласување на Ко Ун за почесен член на ДПМ.

За него пак, Македонија и  Јужна Кореја се слични во страдањата зашто во двете земји се пролеани многу солзи.

„Името на Македонија е славно, добро познато во историјата на човештвото и низ годините оваа земја многу страдала… Кога ќе се вратам дома и кога ќе пишувам поезија, многу слики и пејзажи од Македонија ќе бидат дел од неа“, вели 81-годишниот Ко Ун,49-ти лауреат на Струшките вечери на поезијата.