Град Скопје
Прекината испораката на нафта за ЈСП
22.09.2025 15:06
Град Скопје најави покренување постапка за утврдување материјална и кривична одговорност поради непочитувањето на договорот...

Испораката на нафта за автобусиите на ЈСП е прекината, информираат од Град Скопје. Оттаму прстот го вперија кон „Пуцко Петрол“ и сопственикот на компанијата Асмир Јахоски, кој како што велат, соочен со обвиненија и уцени ја прекинал доставата на нафта, иако имал активен договор.
Град Скопје најави покренување постапка за утврдување материјална и кривична одговорност поради непочитувањето на договорот за снабдување на ЈСП со нафта.
