Тепачка во Собранието меѓу пратениците на ДУИ и ДПА

26.08.2014 14:30

На расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет на која се разгледуваше предложениот ребаланс на Буџетот дојде до физичка пресметка меѓу пратеницитe Орхан Ибраими од ДПА и Талат Џафери од ДУИ.

Во обраќањето Ибраими ја критикувал ДУИ дека не води сметка за интересите на Албанците,  на што реагирал Талат Џафери и од место му дофрлувал на Ибраими, кој се симнал од говорницата, и го нападнал. Интервенирале присутните пратеници, но и собраниското обезбедување кои ги раздвоило пратениците.

„Али Ахмети и неговите луѓе како насилници на Албанците се претвориле во Јаничари на антиалбанската политика, како и при последните случаи при донесување на уставните измени и антиалбанскиот буџет. Итно бараме да се започне постапката за кривично гонење на овие насилници и криминалци, како што се Талат Џафери, Реџај Исмаили, Мерван Џемаили, Артан Групи и Муса Ибраими. Ние во меѓувреме ќе превземеме адекватни заштитни мерки од овие насилници и злосторници. Земјаќи ја во предвид настанатата ситуација, ни нема да присуствуваме на понатамошната работа на Собранието. Исто така ја инфомираме јавноста дека и покрај насилството и теророт ние упорно ќе продолжиме да ги браниме албанските интереси“, рече Имер Алиу од ДПА.

„Парламентарната група на ДУИ изразува длабоко жалење и го осудува остро денешниот срамен инцидент инициран од страна на пратениците на ДПА, Орхан Ибрахими и Беим Фазлиу. Во отсуство на аргументи и конкурентна понуда за албанските гласачи, како и од постојаната фрустрација од последователните порази на избори ДПА го заменува политичкото делување со тупаници, навреди и со отсуство на човечност. Затоа параментарната група на ДУИ бара формирање на анкетна комисија која што веднаш ќе го расветли овој случај“, рече Артан Груби од ДУИ.