Македонија
Сиљановска – Давкова на Генералното собрание ООН
22.09.2025 17:23
Шефицата на државата пред светската асамблеја ќе се обрати в четврток, а таа со свое обраќање зема учество и на конференцијата посветена на жените...

Македонската претседателка Сиљановска-Давкова и шефот на дипломатијата, Муцунски, во Њујорк учествуваат на 80-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Шефицата на државата пред светската асамблеја ќе се обрати в четврток, а таа со свое обраќање зема учество и на конференцијата посветена на жените.
Анита Димитријевска-Велковска известува од Њујорк.
