Италија

Протестот за Газа во Милано прерасна во хаос, повредени 60 полицајци

22.09.2025 20:40

Над 60 полицајци се повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Милано. Приведени се десетина лица...

Над 60 полицајци се повредени во судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Милано. Италијанците излегоа на масовен протест за поддршка на Газа и против геноцидот. Приведени се десетина лица.

Пред американскиот конзулат беа запалени знамињата на САД, Израел, НАТО и Европската Унија. Генерален штрајк на синдикатите во Италија беше организиран за поддршка на Палестина и против израелската офанзива во Газа.

Италијанските власти претходно изјавија дека признавањето на Палестина може да биде контрапродуктивен потег.