Прекината испораката на нафта за автобусите на ЈСП
Град Скопје најави покренување постапка за утврдување материјална и кривична одговорност поради непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта...

Испораката на нафта за автобусите на ЈСП е прекината, информираат од Град Скопје. Оттаму прстот го вперија кон „Пуцко Петрол“ и сопственикот на компанијата Јахоски, кој како што велат, соочен со обвиненија и уцени ја прекинал доставата на нафта, иако имал активен договор.
Град Скопје најави покренување постапка за утврдување материјална и кривична одговорност поради непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта. Реагираат од компанијата.
Велат, дека се соочуваат со долг од ЈСП од над 10 милиони евра, со фактури стари и над две години. Жителите на Скопје се жалат дека со часови чекаат на автобуските постројки.
