Се зголемува поддршката за палестинската држава
Макрон го повтори ветувањето дека нема да отвори амбасада во Палестина додека не се постигне прекин на огнот во Газа и не се ослободат заложниците што ги држи Хамас...

Се зголемува притисокот врз Израел. Францускиот претседател формално ја призна палестинската држава. Макрон го повтори ветувањето дека нема да отвори амбасада во Палестина додека не се постигне прекин на огнот во Газа и не се ослободат заложниците што ги држи Хамас.
„Ние носиме историска одговорност. Мора да направиме се за да ја зачуваме можноста за решение со две држави, Израел и Палестина, кои живеат едни до други во мир и безбедност. Дојде времето“, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција.
Палестинскиот претседател Абас во видеопорака прикажана во Обединетите нации рече дека Палестинската власт е единственото тело квалификувано да управува со Газа. Го повика Хамас да го предаде оружјето и Израел веднаш да почне преговори. Американскиот претседател Трамп денеска ќе зборува на Генералното собрание на ООН. САД остануваат против признавањето на државноста, а израелскиот премиер Нетанјаху вети дека нема да има палестинска држава.
