Почнува Генерално собрание во седиштето на ООН
80-то Генерално собрание во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Темата на годинашната сесија е „Подобро заедно: 80 години и повеќе, за мир, развој и човекови права“. Светските лидери ќе ги презентираат ставовите и приоритети во контекст на сложените и меѓусебно поврзани глобални предизвици...

Денеска почнува 80-то Генерално собрание во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Темата на годинашната сесија е „Подобро заедно: 80 години и повеќе, за мир, развој и човекови права“. Светските лидери ќе ги презентираат ставовите и приоритети во контекст на сложените и меѓусебно поврзани глобални предизвици.
Американскиот претседател Трамп ќе ја отвори 80-тата сесија на годишната Генерална дебата. На првиот ден ќе говорат и бразилскиот претседател да Силва, турскиот претседател Ердоган и францускиот претседател Макрон.
За денеска е закажана и седница на Советот за безбедност на која ќе се дискутира за војната во Украина, на која се очекува да присуствува украинскиот претседател Зеленски. Собирот во Њујорк завршува на 29 септември, а претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, ќе се обрати на Генерално собрание в четврток.
