Почина сведок на судење
Сведок на обвинителството почина во судница додека даваше исказ за случајот Машинопромет. Пред почетокот на судењето сведокот рекол дека е возбуден, а потоа му се слошило и паднал од говорницата. Со итна медицинска помош бил пренесен во болницата „8 Септември“, од кадешто информираат дека пациентот бил примен без срцева реакција.
И покрај напорите, лекарите не успеале да го реанимираат. Телото е предадено за обдукција за да се истражи причината за смртта. 53 годишниот сведок работел во Машинопромет како магационер.