авиосообраќај
Данска и Норвешка истражуваат упади со дронови
23.09.2025 10:25
Полицијата почна интензивна истрага за да утврди за каков вид дронови станува збор...

Аеродромот во Копенхаген, најпрометниот во нордискиот регион и норвешкиот аеродром во Осло се повторно отворени откако дронови ги запреа сите полетувања и слетувања речиси четири часа. Полицијата почна интензивна истрага за да утврди за каков вид дронови станува збор. Властите во Данска и Норвешка ќе соработуваат за да утврдат дали постои врска помеѓу двата инцидента.
Затворањето на аеродромите дојде по низа прекини на европските аеродроми во последните денови.
