МОЛДАВИЈА
Во Молдавија уапсени 74 лица за поврзаност со Русија
23.09.2025 11:26
Молдавија долго време ја обвинува Русија за хибридна војна – мешање во избори, дезинформациски кампањи и нелегално финансирање на проруски партии...

Молдавските власти во голема акција за разбивање на наводен руски план за поттикнување масовни немири и дестабилизација на земјата пред парламентарните избори. Приведени се 74 лица на возраст од 19 до 45 години. Молдавците ќе гласаат за избор на нов законодавен дом од во недела, на избори што многумина ги сметаат за крстопат кон членство во ЕУ или поблиски врски со Русија.
Молдавија долго време ја обвинува Русија за хибридна војна – мешање во избори, дезинформациски кампањи и нелегално финансирање на проруски партии. Москва ги негира обвинувањата.
