Европски денови на културното наследство

Тактилна изложба „Допрете ги покуќнинските садови“ во Музеј на Македонија

23.09.2025 09:41

Темата на овогодинешото одбележување е „Архитектонско наследство: Прозорец кон минатото – врата кон иднината“.

Денес во 12 часот, во Музејот на РС Македонија ќе биде отворена манифестацијата Европски денови на културното наследство 2025.

Темата на овогодинешото одбележување е „Архитектонско наследство: Прозорец кон минатото – врата кон иднината“.

Во таа пригода ќе биде отворена изложбата „Допрете ги покуќнинските садови“ на авторот Сузана Марковска, едукатор – етнолог во музејот.

Изложбата е тактилна и е посветена и наменета за слабовидни и слепи лица. Таа ќе биде проследена со едукативни работилници и во следните денови.