Пред празникот Успение на Пресвета Богородица Лешок доби нов пат
Пред празникот Успение на Пресвета Богородица Лешок доби нов пат. Патот се простира од регионалниот Тетово – Јажинце до влезот во познатиот Лешочки манастир. Инвестицијата е на Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со локалната самоуправа.

Од регионалниот пат Тетово – Јажинце се до влезот во манастирскиот комплекс Свети Атанасиј и болницата за белодробни заболувања. Лешок доби комплетно обновен пат. Жителите најмногу се задоволни зошто добија нов пат томку пред големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица кој во четврток се празнува во селото.
„Се реши едно од најзначајните прашања за Лешок и од туристички аспект. Во манастирот стана мода одгромен број луѓе од Долни Полог свадбите овде да ги одржуваат. Ова е најдоброто нешто за селово. Гледајте сега какво е, а претходно какво беше... Само нека се проширува“, рекоа жителите на Лешок со кои поразговаравме.
Инвестицијата е на Јавното претрпијатие за државни патишта со заем од Светска банка. Патот е долг околу два километри и широк четири метри.
„Во ова село се наоѓа и болница за белодробни заболувања, исто така и Лешочкиот манастир. На 28-ми овде ќе биде и верскиот празник. Ќе имаме и гости“, изјави Исен Асани, градоначалник на општина Теарце.
„Ова е заложба уште од минатиот состав на советот. Изминатите четири години се боревме за ова како совет“, рече Ванчо Милевски, советник во општина Теарце.
Лешок е културен и историски центар значаен за целиот регион, рече градоначалникот на соседната општина Јегуновце кој присуствуваше на настанот.
„Се покажува како се гради една мултиетничка општина“, смета Тони Коцевски, градоначалник на општина Јегуновце.
Покрај обновата на патот, Лешочкиот манастир блеска со сета своја убавина и се подготвува да ги пречека сите верници кои ќе го посетат за празникот.
Зоран Јованоски
