КИНА

Азиските земји погодени од супертајфунот Рагаса

23.09.2025 10:54

Хонгконг откажа 700 летови. Властите предупредија за можни поплави и лизгања на земјиштето...

Азиските земји на удар на супертајфунот Рагаса. На Филипините, илјадници луѓе се евакуирани. Хонгконг откажа 700 летови. Властите предупредија за можни поплави и лизгања на земјиштето. Не се очекува Рагаса директно да го погоди Тајван, но можни се големи поплави источниот брег на островот.

Кина пак, објави прекин на работата на училиштата и сообраќајот во Шенжен и десетина поголеми јужни градови.