дсзи

Инспекторите на ДСЗИ на терен, го проверуваат случајот со починатото девојче од Челопек

23.09.2025 12:57

Двете комисии, едната од тетовската болница, другата формирана од Министерството за здравство ги испитуваат случајот со починатото седумгодишно девојче од Челопек. Проверки и кај матичниот лекар. Надлежните треба да ги расчистат сите сомнежи дали евентуално имало лекарски пропуст или небрежност, како што се сомнева семејството...

Прво во амбулантата на матичниот лекар, па во клиничката болница во Тетово, инспекторите на ДСЗИ на терен проверуваат дали има пропусти во патеката на упатување и третман на седумгодишното девојче од Челопек што почина во неделата.

Девојчето во болница било задржано во сабота, но во неделата починало. Семејството се сомнева на небрежност на лекарите. Освен надлежните здравствени власти, комисија е формирана и во тетовската болница.

Од болницата информираа дека се запазени сите медицински протоколи за утврдување на дијагноза и лекување. Семејството одбило обдукција, но таа ќе биде направена по наредба на Јавниот обвинител.

Наташа Јанчиќ Менковски