ДИК се подготвува за локалните избори
Нема значително зголемување на бројот на независни кандидатури на локалните избори, и покрај тоа што имаше можност за кандидирање со само два потписа. Првиот човек на ДИК, Борис Кондарко, во интервју за емисијата 360 степени на МТВ, вели дека комисијата работи во нормална атмосфера за да се гарантира слободен и демократски процес...

Најскапо ќе е платеното политичко рекламирање. Дури две третини од 10-те милиони јавни пари распределени за претстојните локални избори со кои ќе располага највисокиот изборен орган. Првиот човек на ДИК, Кондарко вели само една третина ќе остане за сите други дејствија. Тој посочи дека како и претходно буџетот е помал од проектираниот, стокмен како во секоја општина да ќе има два круга.
Кондарко коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд во врска со правилникот и напатствието кое го донесе ДИК, рече дека тоа претставува додадена вредност за целосна примена на законот.
И овојпат ливчињата ќе ги печати „Киро Дандаро“ од Битола за што склучиле рамковна спогодба во висина од 800 илјади евра. Кондарко додава дека нема големи разлики меѓу вкупните бројки од минатите локални избори кога имало поднесени 297 листи за градоначалник и 559 за советници наспроти сегашните 312 за градоначалник и 575 за советници.
Според ДИК потврдени се 303 за градоначалници и 558 за советници.
Фиљана Кока
