Велес

Започнува ликовната колонија „Папрадишки мајстори“

26.08.2014 15:24

Осумнаесет уметници од Македонија, Србија, Украина, Русија, Словенија и Храватска во наредните осум дена ќе творат на десетата по ред колонија „Папрадишки мајстори“.

Куќите на културата во Велес, ширум  ги отворија  портите за уметниците, учесници на  јубилејната десета по ред Колонија „Папрадишки мајстори“. Сликарството ќе биде обележје на Kолонијата.

„За прв пат сум на колонија во Македонија, моите очекувања се исполнети, имаме одлучни услови за создавање на уметнички дела “, рече Андреја Кичедифковиќ, уметник од Хрватска.

„Предизвик е ние да ги достигнеме нивните достигнувања а тоа се во секој случај големи“, рече Ацо Таневски, уметник од Македонија.

Наместо со боја и четка, уметничкото дело на словенецот Матеја Шребец ќе биде создадено од песок, земја и лепило.

„Тоа ќе биде комбинација од различни земји и песок.Тоа се меша со лепило па во дебел слој се става на платно и се остава да се остава да се исуши.Како суши таа пука, и се формура уникатно дело“, рече Матеја Шребец, уметник од Словенија.

Младите уметници од Русија и Украина за Папрадишките неимари не слушнале. Но затоа каменот и дрвото од кои се направени куќите на Касапови и ЈХК Џинот, велат се премногу инспиративни.

„Оваа прекрасна уникатна архитектура едноставно  мами да ја пренесам на платно “, рече Димитри Самодранов, уметник од Русија.

„ Јас одлучив најнапред на создадам две дела, дневен и ноќен ангел, во наредните денови сигурно третото дело ќе ми боде поврзано со прекрасната природна убавина која не опкружува“, Надја Чанеска, уметник од Украина.

Она што ја прави поразлична оваа Колонија од останатите во Македонија е можнота заедно со уметниците во создавањето на делата да учествуваат  и граѓаните на Велес.

Осумнаесет уметници од Македонија, Србија, Украина, Русија Словенија, Хрватска во наредните осум дена ќе творат во чест на страите папрадишки мајстори.

Делата создадени на оваа Колонија ќе го зголемат уметничкото богатство на општина Велес, а граѓаните ќе имаат можност истите да ги видат на традиционалната Деветоноемвроска изложба. 

Дијана Иванова