Водата не е извор на жолтицата во Штип

26.08.2014 16:07

Анализите од земените мостри од вода во Штипско покажаа дека водата не е извор на зараза. Епидемиолозите велат дека се негативни. Во меѓувреме се зголемува бројот на заразени од жолтица. Вчеравечер регистрирани два, а денеска уште еден нов случај.

Тринаесет годишно девојче од шуто оризари заразено од жолтица е хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести. Лекарите велат, нема епидемиолошка поврзаност на заразата.

Вкупниот број заразени е 76 од кои 17 се згрижени на Клиниката за инфективни болести во Скопје, а двајца се на лекување во Градската општа болница „8 -ми Септември. Во Штип бројката на заразени од Хепатит А е триесетина.  Лекарите препорачуваат да се зголеми хигиената и да се изврши дезинфекција на училиштата и градинките.