Почнува дводневен скрининг на населението во Трубарево и околината
Почнува дводневниот скрининг на населението во Трубарево, по еколошката хаварија која пред 10 дена се случи во магацин за електронски отпад. Скринингот ќе го вршат две екипи од Клиника за пулмологија со две амбулантни возила кои ќе го посетат населението...

Комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ. Почнува дводневниот скрининг на населението во Трубарево, по еколошката хаварија која пред 10 дена се случи во магацин за електронски отпад. Прегледите се наменети за сите граѓани, особено за оние кои чувствуваат здравствени тешкотии по пожарот.
Скринингот ќе го вршат две екипи од Клиника за пулмологија со две амбулантни возила кои ќе го посетат населението. Доколку лекарите утврдат дека се потребни дополнителни испитувања, граѓаните ќе бидат упатени на клиниката.
Состојбата со квалитетот на воздухот во Трубарево е нормализирана. Основците од четири училишта се вратија на настава со физичко присуство. Јавното обвинителство ја продолжува истрагата.
Викторија Милевска
