Автобусите доцнат, ЈСП нема да остане без нафта
Скопјани се жалат дека со часови чекаат на автобуските постојки – ЈСП ги троши последните количества нафта, Град Скопје во клинч со компанијата – снабдувач, кој креира хаос и кој должи милиони евра...

Скопјани повторно во неизвесност дали ќе имаат редовен превоз. Се жалат дека автобусите доцнат, а тие со часови чекаат на постојките.
Од синдикатот велат дека претпријатието добило 20-ина тони нафта, доволно колку за два дена, па оценуваат дека состојбата е загрижувачка.
Автобусите засега сообраќаат редовно, но неизвесно е до кога. Градот го впери прстот кон компанијата снабдувач, која како што велат, и покрај активниот договор ја прекинала испораката на нафта и најавија кривични постапки.
Снабдувачот, пак, соопшти дека ЈСП натрупал милионски долгови што не се сервисираат навреме.
Марија Котовска
